Пластиката во домаќинствата и можната изложеност на хемикалии
Поради практичноста и ниската цена, пластичните садови се сè почеста употреба во домаќинствата. Сепак, онколозите предупредуваат дека оваа навика може да носи ризици по здравјето.
Д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, вели дека причините за појава на рак се сложени. Тој посочува дека секојдневните навики и животната средина можат да имаат влијание.
„Моите пациенти често бараат едноставен одговор на прашањето зошто заболеле од рак, но реалноста е многу посложена. Една од причините за појава на оваа опака болест е средината во која живееме и секојдневните навики. Тука спаѓа, меѓу другото, и начинот на кој ја чуваме храната“, изјавил д-р Камат во интервју за магазинот „Парада“.
Хемикалии од пластиката можат да стигнат до храната
Според д-р Камат, проблемот не е само во користењето пластичен прибор. Особено внимание привлекува составот на пластичните садови и присуството на одредени хемикалии.
Меѓу супстанциите кои се споменуваат се БПА, фталати и стирен. Тие можат да преминат во храната, особено кога пластичните садови се изложени на високи температури или се користат подолг период.
Експертите посочуваат дека токму начинот на користење на пластичните производи може да биде важен фактор при изложеноста на овие супстанции.
Онколозите повикуваат на внимание при користење пластика
Д-р Адил Кан, хематоонколог и епидемиолог, предупредува дека можноста хемикалиите од пластиката да преминат во храната треба да се сфати сериозно.
„Сознанието дека хемикалиите од пластиката можат лесно да преминат во храната треба сериозно да ги загрижи луѓето“, предупредува д-р Кан.
