Предвремени парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври, објавија српски медиуми. За да се создадат формалните услови за одржување на новите национални избори, Народното собрание ќе биде распуштено во наредните денови.

Распуштањето на Собранието ќе следува по образложен предлог на српската Влада.

Со ова практично ќе почне и изборната кампања, за која законскиот рок изнесува од 45 до 60 дена.

Станува збор за 15-ти парламентарни избори во Србија од 1990-тите, како и за 11-ти предвремени парламентарни избори.