Преговорите во Истанбул
Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на преговорите во Истанбул за војната во Украина, иако Володимир Зеленски повика на негово учество. Истовремено, американски функционер потврди дека Доналд Трамп нема да патува во Турција. Трамп размислувал за присуство доколку Путин учествува, но отсуството на рускиот лидер ја промени одлуката. Ова го отежнува напредокот на преговорите
Руската делегација за преговорите, според официјалната веб-страница за правни информации на Русија, ќе ја предводи Владимир Медински. Во тимот се заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин. Експерти како Александар Зорин, Елена Подобреевска, Алексеј Полшчук и Виктор Шевцов се дел од групата. Медински ги водеше и преговорите во Турциија во март 2022 година.
Извор: Плусинфо