Луѓето кои веќе го прележале Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција, предупредува нова студија на американски научници.

Истражувачи од Медицинскиот факултет ИСММС во Њујорк анализирале податоци за повеќе од 3.000 здрави припадници на американскиот марински корпус на возраст од 18 до 20 години, пишува британски „Дејли меил“.

Весникот наведува дека тие откриле дека околу 10 проценти од луѓето вклучени во студијата кои претходно биле заразени од Ковид-19 повторно биле инфицирани.

Авторите на студијата предупредуваат дека вакцинацијата, и покрај претходната инфекција и присуството на антитела, сепак е неопходна за зајакнување на имунолошкиот одговор, спречување повторна инфекција и намалување на преносот. Наведено е дека треба да се имунизираат и младите.