Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево.

Како што соопшти владината прес-служба, вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари.

Оттаму додаваат дека по извршување на увидот, предвидено е изјава да даде премиерот Мицкоски.