Заев остана на ставот дека спецификацијата за модуларните болници е иста како и секаде во светот и очекува истрагата што поскоро да даде одговори што се случило и кои се причините за избувнувањето на пожарот во тетовската модуларна болница.
–Ни малку не се сомневам дека се злоупотребени средствата од Светска банка за модуларните болници, изјави премиерот Зоран Заев, но одби да ги коментира документите коишто вчера излегоа во јавност според коишто општината и раководството на болницата биле надлежни за управување со тетовската болница во која изгореа 14 пациенти.