Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Филибастер“ зборуваше за протестите кои се одржуваат деновиве од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа што Заев преговара за Македонија и потенцираше дека со овие протести се дава предупредувачка порака дека историја, култура, традиција се црвените линија за било кои преговори, со било кој сосед.
-Како прво ова не се масовни протести туку се предупредувачки протести кои се прават помеѓу 15 и 17 часот каде што се блокира центарот на главниот град затоа што порака е предупредувачка дека нашата историја, култура, традиција се црвените линии за било кои преговори, со кој било кој сосед, тука пред се мислам на Бугарија. Во поглед на мојата функција како пратеник во Собранието на Република Македонија имам информациии колку што има јавноста има информации односно воопшто немаме никакви информации за тоа што се случува помеѓу Владата на Зоран Заев и бугарската држава и она кое го истакнав и вчера, а тоа е дека јас лично, а и мојата политичка партија и сите коалициони партнери кои сме од опозицијата, а претпоставувавм и голем дел од владејачките пратеници нема да дозволат да ова биде спор помеѓу бугарската држава и владата на Зоран Заев. Ова е спор помеѓу две држави и тој спор се решава на културен, цивилизиран начин каде ќе преовладуваат аргументите. Истовремено и секоја држава треба да има и соодветно изградена позиција во рамките на домашните општества, значи нас во Македонија ни треба она кое го има Бугарија, тоа е еден општетсвено политички консензус за позициите на државата при преговорите со Бугарија, рече Пренџов.
Пратеникот во текот на своето гостување посочи дека тој никогаш да се согласи дека Македонците се дрво без корен и дека се создадени преку ноќ.
-Сакам да истакна дека пред се како човек, како граѓанин, а потоа како пратеник во Собранието никогаш нема да дозволам да нашата историја, традиција, култура и јазик бидат ставени на несоодветно место и бидат негирани. Исто така никогаш нема да се согласам дека сме дрво без корен, дека некој не создал преку ноќ и сите оние тези кои што ги имаат бугарските политичари, кажа Пренџов.
Пренџов во текот на своето гостување порача дека премиерот, министерот за надворешни работи и министерот за евроинтеграции треба да разговараат за сите аспекти, понуди и шасни кои Република Македонија ги има со Бугарија.
-Она кое сакам да го истакнам во врска со преговорите е тоа дека треба да се направи да дојде премиерот, да дојде министерот за надворешни работи, министерот за евроинтеграции во Собранието и да ги разговараме сите аспекти, сите понуди и шански кои ги имаме со Бугарија, додаде тој.