Само до пред некое време имавме стабилна ситуација, а сега, за жал, остар раст и се подготвуваме за отворање на нови оддели, рече во изјавата Зупанец која е директорка на Клиниката за заразни болести при љубљанскиот Универзитетски клинички центар (UKC) и член на владиниот стручен тим за Covid-19.

Зупанец додаде дека едно истражување од Велика Британија покажало дека делта сојот на коронавирусот носи двојно повисок ризик од хоспитализации споредено со претходните соеви, што е важно и за ситуацијата во Словенија каде што делта варијантата веќе неколку седмици е доминантна.

Ви љубљанската Клинија за заразни болести меѓу ковид-пациентите сѐ уште преовладуваат повозрасните од 60 години. Но, згрижени се и десет помлади од 50 години, а меѓу нив и четворица помади од 40 години и неколку помлади од 30 години кои се на интензивно лекување. Тоа укажува дека хоспитализацијата им се заканува и меѓу луѓето, особено кај невакцинираните, предупредува Зупанц.

Додаде дека аплеира на сите коишто можат што поскоро да се вакцинираат, особено повозрасните од 50 година, како коишто вакцинираноста во моментов е 63 отсто а не е доволна.

Зупанц ги повика Словенците и натаму да се придржуваат до епидемиолошката мерка коишто се на сила, вклучително и носењето маски во затворени простори, и додаде дека е препорачливо да ги носат и оние коишто се вакцинирани. Се повика на податоци од САД каде што укинувањето на задолжителното носење маски за веќе вакцинираните било грешка којашто брзо се „одмаздила“ со зголемување на бројот на коронаинфекциите.

Во затворените простори, како и на отворено, доколку сме во голема маса луѓе и натаму се препорачува користењето маски заедно со други мерки, како што се проветрувањето на просториите и почитувањето на физичката дистанца, рече Лејко Зупанц.