Западни медиуми посочуваат дека со криминалните активности раководи картелот Голф, кого го потресува внатрешна борба за превласт.
Локалните власти потврдија дека нападот почнал вчера попладне, на неколку места во источниот дел на Рејноза, кој се граничи со американскиот град Мекален во Тексас, наведувајќи дека „владее паника меѓу граѓаните“.
Како резултат на овој напад распоредени се единици на мексиканската армија, Националната гарда, полицијата и другите безбедносни агенции.
Полицијата заплени три возила и уапси лице кое во багажникот на неговиот автомобил држело две жени, кои очигледно биле киднапирани.
Градоначалникот на Рејноза, Ортиз Домингез побара да се расчисти овој вооружен напад и да се обезбеди заштита на сите граѓани.