По вторпат им е изречена првостепена пресуда, бидејќи им се судеше повторно после жалбата на Обвинителството за ослободителната пресуда од 2013 година.

Поранешните припадници на службата за државна безбедност Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ се товарат за заедничко злосторничко дело предводено од Слободан Милошевиќ, преку формирање и поддршка на Црвените беретки, Скорпиите и Српската доброволна гарда, единици кои оперираат во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Повторно им се судеше откако Обвинителството ја обжали првичната одлука од 2013 година, според која тие беа ослободени по сите точки од обвинението.

На новото судење во Хаг, обвинителите најавија дека ќе докажат дека обвинетите биле надредени во однос на сторителите на сериозни злосторства против несрпското население во Хрватска и БиХ. Одбраната на Станишиќ и Симатовиќ, кои пред судот во Хаг негираа дека биле агенти на Службата за државна безбедност на Србија во периодот 1991-92 година, бараа нова ослободителна пресуда.

Хашкиот трибунал ги ослободи Станишиќ и Симатовиќ во мај 2013 година, по првото судење. Обвинителите поднесоа жалба, а во декември 2015 година, Апелациониот совет на Трибуналот ја поништи првостепената пресуда и нареди ново судење кое кулминираше денеска.

Портпаролката на Хашкиот механизам Хелен Еглстон изјави дека околу 50 лица го следеле изрекувањето на пресудата.