Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.
Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.