На подрачјето на Гази баба вчера околу 16:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(24) од село Марино, скопско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.