-Денеска во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Oдделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, известува МВР.