Пендаровски и Зурабишвили ќе има тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Македонија и на Грузија.

Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Во рамки на официјалната посета предвидена е да бидат потпишани Договор за безвизен режим и Меморандум за соработка во областа на културата, а потоа претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе одржат прес-конференција.

Шефот на државата и неговата колешка од Грузија ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.