Пријателска честитка на изборот за претседателка на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова упати претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.
Во честитката на унгарскиот претседател стои:
Честитки за Гордана Силјановска-Давкова на изборот за нова претседателка на Македонија. Со задоволство очекувам да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.
Професорката Гордана Силјановска Давкова изрази благодарност за честитката потенцирајќи ја важноста на европската интеграција. Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново:
Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.