Сообраќајна незгода се случи вечерва на планинскиот превој на патниот правец Стража – Гостивар. При инцидентот, патничко возило излетало надвор од коловозот и се превртело.

Според првичните информации од терен, во незгодата има повредени лица. На местото на настанот веднаш интервенирала противпожарна екипа, која спроведува спасувачка акција за нивно безбедно извлекување од превртеното возило.