И денес во Општина Кавадарци од 11:00 до 16:00 часот, градоначалникот Митко Јанчев имаше приемен ден за граѓаните.
Јанчев и службите за Локална самоуправа, претставници на ЈП Комуначев и Мој Општинар разговараа со околу 150 граѓани за нивните проблеми, предлози, сугестии и забелешки во делот на комуналната изградба, урбанизмот, како и на други теми.