Принцот Вилијам, објави на Твитер дека е имунизиран претходно оваа недела, тој на социјалните мрежи објави и фотографија од моментот кога ја прими вакцината во Музејот на наука во Лондон, пренесува Ројтерс .

-Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина ковид-19. Им благодарам на сите што работат на имунизација за сè што сте направиле и продолжувате да правите, напиша принцот Вилијам.

Британскиот престолонаследник минатата година во април заболе од ковид-19, приближно во исто време со неговиот татко, принцот Чарлс, иако веста се чуваше во тајност до ноември.

И другите членови на кралското семејство претходно објавија дека ги примиле вакцините, вклучувајќи ги принцот Чарлс и кралицата Елизабета Втора.