Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Оваа средба претставува клучен дел од дипломатските разговори на македонската делегација во седиштето на Европската Унија.

Главен предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за постигнување напредок во услови на актуелните политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна неопходната потреба од разгледување на сите расположливи институционални и правни инструменти на Унијата. Таа нагласи дека целта е да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат реално придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

Македонската претседателка потенцираше дека техничката подготвеност и досега спроведените реформи мора да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива треба да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.