– Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против ковид-19. Според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини на „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ соопшти министерството.

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.