Активностите се реализираат преку Црвен крст Делчево, а последната пратка од респираторите наменети за болниците во државава е спроведена преку хуманитарната акција организирана од наши иселеници во Швајцарија.
-Целта на акцијата е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат да се спасат човечки животи во загрозени здравствени услови. Центар на примената опрема е нашата организација во Делчево од каде ќе се распределат во другите градови на државата, информираа од Црвен Крст Делчево.
Оттаму информираа дека донатор на респираторните апарати е Швајцарската фирма BCD Microtechnique.
-Иницијаторот на активностите е Дејан Аџиоски како и организациите и поединците што го овозможија тој проект.
Досега во Македонија преку овој проект доделени се 40 апарати во вредност од околу 400.000 франци.