Приватните болници му диктираат на министерот, тврди Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Аеродром истакна дека јавното здравство е во колапс и дека приватните болници му диктираат на министерот како да управува со системот.
„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата“, рече Филипче.
Власта е неспособна и ненародна, нема ништо да покаже
Филипче нагласи дека сегашната власт е неспособна и ненародна и нема реализирано ниту една политика во интерес на граѓаните или државата.
„И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, додаде тој, истакнувајќи дека нема ниту еден проект за кој власта може да се пофали.