Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 17:50 часот го лишија од слобода И.Ѓ.(28) од Битола. Како што информира МВР, при извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.