Во скопското село Зелениково вчера во 17.00 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода З.З.(42) од село Зелениково.
Тој, информираа денеска од МВР, се барал по потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.