Оперативен тим Потраги, денеска во 10:15 часот на ул.„Апостол Гусларот” во Скопје, врз основа на потерница од Основен Суд-Скопје 1, го лиши од слобода А.Ќ.(46) од Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, А.Ќ. е приведен за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.