Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 15.10 часот на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје го приведоа А.С. (26) од Неготино.
Како што соопшти МВР приведениот бил баран со потерница издадена од Основниот суд Неготино за издржување на затворска казна во траење од две години.
– Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, се наведува во соопштението на МВР.