Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15 часот и 45 минути, на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, го лишиле од слобода гостиварецот А.С.(35) поради сомнение дека околу 11 часот и 55 минути извршил разбојништво во маркет на улица „Драге Тодоровски” во Гостивар и со употреба на сила врз вработената во маркетот, од касата одзел пари и избегал.
Како што соопшти МВР, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.