Полицијата денеска приведе 58-годишен скопјанец кој се барал по распишана потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор.

– На улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек Потраги денеска во 13:15 часот го лишиле од слобода М.М.(58) од Скопје, кој се барал по распишана потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 353 став 3 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје