Полициски службеници лишиле од слобода скопјанец за доиздржување на затворска казна, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 18:45 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги, на бул.„Мајка Тереза” во Скопје, бил лишен од слобода Р.К.(36) од Скопје, по добиена судска наредба, заради доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. За Р.К. била распишана централна потерница за лице осудено на вкупно 10 години и 9 месеци казна затвор, се вели во соопштението на Министерството.
Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во Затворот Идризово за доиздржување на казната