Скопјанецот е приведен вчера во 21:10 часот, а Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за Н.Ј.
Со наредба од Основниот кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом, при што бил пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.