На 29.04.2022 во 19.45 часот во с.Желино, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.А.(54) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека од куќа во с.Групчин, тетовско, одзела накит.

Таа била приведена и задржана во полициска станица, со неа бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.