Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територија на државата, при што санкционираше 179 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.