Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, вчера оствари средба со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави електронското издание на весникот “Илинден”.
Се додава дека Ѓурѓај го информирал Николоски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што биле актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија и за одредени иницијативи кои што може да се покренат во Собранието.
– Пред се разговаравме околу целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо кој што е потребен за да можат полесно да комуницираат луѓето од двете страни на границата. Потребно е македонската влада да даде поголема поддршка на активностите кои ги имаат Македонците во Република Албанија преку програмите кои ги има МНР пред се за Македонците кои живеат во соседните држави, изјавил Ѓурѓај.
Николоски, велат од здужението, покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија.
-Секако, во опсегот на надлежностите, искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. Од своја страна Ѓурѓај топло му се заблагодарува за срдечна средба, наведува весникот “Илинден”.