Граѓаните од православна вероисповед во петок, 28 август, ќе имаат неработен ден по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица.

Продолжениот викенд ќе помине со сончево и многу топло време, а температурите во петок и сабота ќе достигнат до 39 степени.

Во овие два дена минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 32 до 39 степени. Времето ќе биде сончево.

Во недела се очекува температурите да бидат за некој степен пониски. Во текот на денот ќе има и услови за појава на дожд и грмотевици, а максималната температура ќе достигне до 37 степени.