Продолжува дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски во САД.

Остварив средба со Александар Касаноф, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.Во рамки на разговорите се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од нашиот долгогодишен стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот.Европската перспектива на Македонија и нејзината активно изразена улога во рамките на НАТО претставуваат клучни приоритети во нашата стратешка визија за иднината, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.