Утрово, Борко Ристовски одново го испорвоцира Кире Лазаров прашувајќи го дали знаеш што значи тоа одговорност? Борко исто така во денешната колумна за Скопје1 јасно кажува дека Македонската репрезентација не е приватна, а уште помалку е казино каде можеш да играш.

Борко се осврнува и на тоа што Кузмановски не го започна натпреварот, а алудира дека тоа се должи на егото на Лазаров и тоа што не му се допаднала неговата изјава, па затоа го изоставил од тимот. „Егото и комплексите се тие што ја водат репрзентацијата“, дециден е Ристовски.

Затоа да не должам многу – одговорност „пријателе“! Македонската репрезентација не е приватна, а уште помалку е казино каде можеш да играш, па ако добијам – добијам, ако не – ништо. Зачувај го барем малку достоинството што ти остана, ако воопшто го имаш., завршува Ристовски

Веќе подолг период во македонската јавност се шпекулира за конфликт меѓу Борко Рисотвски и Кире Лазаров, а по последната колумна на миленикот на македонската ракометна публика, „министерот за одбрана“ Борко Ристовски многу работи излегоа на виделина. Но, тој во текот на вчерашниот ден „испровоцира“ и на Инстаграм стори објавувајќи комично видео од турчинот Коксал Баба со мускули на раците како оди крај базен. Повеќе може да видите од фотографиајта.

Ова првенство Борко е колумнист за време на Светското првенство во Полска и во Шведска. Пред и по натпреварите на Македонија ги изнесува своите впечатоци и ставови, пофалби и критики за нашите ракометари во желба да им понуди еден поинаков агол на нашите читатели. Скопје1 го пренесува неговиот став, а истиот може да го погледнете во продолжение како суптилно Ристовски му се обраќа на Кире Лазаров.

Денешнава колумна или мојата пишана мисла би сакал да ја започнам со еден преубав цитат од Зигмунд Фројд, кој отприлика гласи вака: „Првата индикација на глупавоста е комплетното отсуство на срам“. Оваа колумна која се објави пред некој ден ја објавивме и на нашиот медиум, а целата може да ја погледнете ТУКА.