Денеска ќе продолжиме со објавување на скандалозни договори во врска со кадрите на СДСМ во локалната самоуправа коишто работеле недомаќински. Повторно ќе објавиме договор во врска со осветлувањето во Гази Баба и тоа непосредно пред локалните избори во текот на летото кога се знаеше веќе дека СДСМ паѓа од власт во Гази Баба, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Според сите овие договори кои ги презентираме и ќе ги презентираме во иднина и сите потрошени пари за осветлување, Гази Баба ќе требаше да биде најосветлена општина во Република Македонија, а не општина во која нема осветлување и дури сега треба да се средуваат актуелните да речеме недостатоци и промашени инвестиции на кадрите на СДСМ.

Замислете, додека Градоначалникот имал активен договор за реконструкција на 2 реони во Гази Баба и договор за изградба на нови линии, склучил договор на 17 август 2021, инаку зборувам за активни договори за одржување на две реони во Гази Баба, изградба на нови линии коишто ги презентирав вчера во вредност 11 милиони денари, сега овој пат има договор од 17 август за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност ни помалку ни повеќе од 1.450.000 евра без ДДВ или 1.7 милиони евра со ДДВ, овој пат со фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО од Скопје, рече Арсовски и додаде:

„Најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на оваа фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО. Ова се наши информации кои што добри познавачи на овие работи ни ги укажаа.

Во овој период кога се активирал овој договор и кога станал активен, се уште имало постоечки договори за осветлување, односно два договори за реконструкција на улично осветлување на два реони во Гази Баба и еден за изградба на нови линии, во висина од 11 милиони денари или тоа се истите договори кои ги презентирав вчера, во кои што не содејствуваат исплатените пари со фактичката состојба на терен.

Од толку договори и исплатени пари за осветлување само во 2021 година, Гази Баба требаше да биде најосветлена општина.

Она што е интересно што може да се забележи во Член 5 каде што ја пишува вредноста на договорот од 1.450.000 без ДДВ пишува дека согласно првично поднесената и прифатлива понуда на носителот на набавката односно оваа фирма којашто ја споменав, не постоеја услови за е-аукција, затоа е прифатена и првичната сума.

Ова доволно говори дека тука може да има нешто сомнително кое треба да го испитаат општината и службите.

Уште еднаш повикуваме да Градоначалникот направи ревизија на сработеното, дали и колку е сработено и по однос на претходните и по однос на овој договор за јавно осветлување, односно реконструкција и инсталирање на паметни светилки, и како баш овој договор на 1 месец пред избори е склучен и авансно се исплатени ни помалку ни повеќе 340.000 евра на оваа фирма, или 20% од сумата на која што е склучен договорот.

Зошто овој договор е симптоматичен и укажува на недомаќинско работење на општината и претходниот градоначалник, затоа што во истиот период додека овој договор е активен подоцна се склучени и други договори за реконструкција на осветлувањето коишто ќе ги објавиме во текот на утрешниот ден.

Повторно ќе потенцирам, при толку договори и потрошени пари за улично осветлување во Гази Баба, каде што достигнале милионски суми Гази баба требаше да биде најосветлена општина, а не да се уште е со искршени светилки, со прегорени светилки и со стари линии за осветлување.

Сега се на потег институциите и повторно повикувам градоначалникот да спроведе ревизија и да состави комисија која ќе ја утврди фактичката состојба“.