Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд кој претежно ќе завршува во ноќта кон петок.
Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од пет до 14 степени. Максималната дневна температура ќе достигне до 25 степени.
Врнежите утре ќе се прошират во поголемиот дел од земјата освен на крајниот југ, а претежно ќе завршат до петок изутрина.