Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса од четврток следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.