Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните два дена времето ќе биде стабилно, а во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат во пораст.