Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат нестабилен период кој ќе се задржи и во текот на наредните денови.
Ќе дува слаб до умерен ветер, додека долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде од северен правец. Ваквите услови ќе предизвикаат задржување на релативно свежото и променливо есенско време.
Во недела во попладневните часови на одделни места повторно ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Според најавите, на почетокот од следната работна седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Поизразена промена на временските прилики се очекува кон средината на седмицата кога се најавуваат пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата. Во тој период ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.
