Вработен во тетовско основно училиште вчера додека работел во дворот нашол пиштол, по што пријавил во СВР Тетово, информираат денесka од тетовската полиција.
– Вчера (30 ноември) во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според информациите на портпатролот, пиштолот е подигнат за вештачење и сега се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.