Еден маж и една жена од гостиварско се лишени од слобода, откако при претрес им е најдена наркотична дрога.
Според СВР Тетово синоќа околу 21:50 часот во гостиварско Дебреше, полицијата ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
– Подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од СВР Тетово.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.