Припадниците на полицијата утрово извршила претрес во Демир Капија каде било пронајдена голема количина на муниција, дознава 24инфо од свои извори во МВР.

Според информациите пронајдени и одземени се: 586 маневарски куршуми кал.7.62х39, 50 боеви куршуми НН кал., 2 рачни бомби, 1 топовски удар, 1 запалка за рачна граната, 2 ловни патрони кал.16мм, 3 кутии со барут, 2 кутии со сачми, 1 железен алат за изработка на муниција, 1 кутија со тапи за ловни патрони, 1 кеса со тапи за ловни патрони, 1 лента од филц, и 2 пакувања со НН тревкаста материја.

Едно лице е лишено од слобода.