На 09.03.2021 околу 20.35 часот, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на пријавениот, при што констатирале дека не се придржувал кон протоколите донесени од страна на Владата на РСМ, организирал настан со музичари во внатрешноста на објектот.
При контролата, пријавениот упатил и закани кон полициските службеници и инспекторите од ДПИ.