Десетици загинати и повредени во индиско-пакистански судири

Расте бројката на жртви од новите индиско-пакистански судири. Нов бран насилство во Кашмир. Индиската полиција и медицинските власти потврдија дека најмалку седум цивили загинале, а 30 се повредени во пакистанските напади долж линијата на контрола (LoC) – спорната граница што го дели регионот Кашмир меѓу Индија и Пакистан.

Погледнете ги видеата.

Видеа протекуваат и на платформата „Икс“.

Тешка артилериска размена на оган

Според извештаите на индиските власти, имало сериозна размена на артилериски оган, при што биле погодени цивилни објекти. Сите жртви биле регистрирани во областа Понч, блиску до крајно милитаризираната зона долж LoC.

„Имаше сериозна размена на артилериски оган долж линијата на контрола“, соопштија индиските власти, пренесува Гардијан.

Индија: „Пакистан почна неселективно да пука“

Индиската армија обвини дека пакистанските сили први отвориле неселективен оган, користејќи огнено оружје и артилериски гранати. Во своето соопштение, тие посочија дека ќе одговорат „пропорционално“ на нападите.

(ВИДЕО) Индија го нападна Пакистан: Ескалација по нападот врз туристи во Кашмир

Пакистан тврди: 26 загинати од индиски напади

Од другата страна, пакистанската армија утрово соопшти дека во индиските напади синоќа загинале 26 лица, а 46 се повредени. Информацијата ја пренесе Ројтерс.

Протекуваат видеа од конфликтната зона

На социјалните мрежи веќе почнаа да се појавуваат видеа за кои се тврди дека се од најновите судири во Кашмир, прикажувајќи разурнати куќи и паника меѓу цивилното население. Автентичноста на снимките сè уште се проверува.