Двери, Заветници, Нова ДСС и Движењето за обнова на Кралството Србија сметаат дека планот на ЕУ значи признавање на независноста на Косово, поради што бараат оставка од српскиот претседател Александар Вучиќ и разрешување на Владата.
Опозициската десница протестираше во неколку градови во Србија, противејќи се на планот на Европската унија за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Во Белград се собраа пред зградата на Владата, блокирајќи ги околните патишта. Ова е нивната реакција на неодамнешниот договор меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово за спроведување на европскиот план.
Двери, Заветници, Нова ДСС и Движењето за обнова на Кралството Србија сметаат дека планот на ЕУ значи признавање на независноста на Косово, поради што бараат оставка од претседателот Александар Вучиќ и разрешување на Владата.