Турската полиција употреби солзавец и уапси десетици демонстранти кои учествуваа во првомајските протести во Истанбул, откако дел од нив се обиделе да маршираат кон плоштадот Таксим.
Две групи биле посебно издвоени на европската страна од градот, откако најавиле дека ќе се упатат кон Таксим, место на бројни антивладини протести во минатото. Плоштадот бил блокиран од полицијата уште во текот на ноќта.
Турските медиуми, меѓу кои и опозицискиот портал „BirGün“, објавија дека се уапсени најмалку 57 лица.
Први мај, Денот на трудот, секоја година во Турција се одбележува со силно полициско присуство, а голем дел од центарот на Истанбул околу плоштадот Таксим редовно се затвора.
Минатата година, протестите беа префрлени во областа Кадиќој, каде што беа уапсени повеќе од 400 луѓе.
