Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за ризиците од патување во Москва на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата над наци-фашизмот. Тој изјави:
„Нашиот став е многу едноставен кон сите земји што патувале или патуваат во Русија на 9 мај – не можеме да преземеме одговорност за она што се случува на територијата на Руската Федерација. Тие ја гарантираат вашата безбедност.“
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, реагираше:
- „Во случај на реални провокации на Денот на победата, никој не гарантира дека во Киев ќе настапи 10 мај“
Провокации на Денот на победата: Реакција на Медведев
Медведев го нарече Зеленски „зелена небричена ништожност“ и напиша:
„Зелената небричена ништожност изјави дека го отфрла предлогот на Путин за тридневно примирје на 9 мај и не може да обезбеди безбедност на светските лидери во Москва.“ Тој ги оцени зборовите на Зеленски за можен удар по парадата на победата како „вербална провокација“.