МВР на Србија соопшти:
-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено држење наркотични средства, полицијата уапси 54 лица, од кои 31 се странски државјани
Полицијата уапси уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотици.
Министерот за внатрешни работи Александар Вулин повтори дека припадниците на полицијата во согласност со законот на „Егзит“ ќе апсат и казнуваат дилери на дрога, како и конзуманти.
–Како што ветивме, припадниците на полицијата ќе казнат секој што ќе го пронајдат за време на фестивалот „Егзит“, без оглед дали е дилер на дрога или корисник на дрога, во согласност со законот, рече министерот. Ќе сториме се за посетителите и учесниците на фестивалот да бидат безбедни, но, пред сè, и сите граѓани на Нови Сад. уживајте во музиката, не земајте дрога – изјави Вулин по првиот ден од Егзит.
На првата вечер на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, на тврдината Петроварадин престојуваа околу 42.000 посетители од 70 земји, соопштија организаторите.
За влез на Егзит, потребен е зелен дигитален сертификат, а невакцинираните мора да имаат негативен PCR или антигенски тест. За посетителите организаторите обезбедија бесплатно антигенско тестирање.